Дојранското Езеро е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 км квадратни. Западниот, поголемиот дел (27,3 км квадратни) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 км квадратни) на Грција. На север басенот на езерото е заграден со Беласица и Боска Планина. На запад се планините Дуб и Кара Балија, а на исток Круша. На југ е отворен по долината на реката Ѓолаја кон Солунското Поле.
Легенда за Дојранското Езеро
На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка дилина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турска големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал мира. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.
Лековитите Својства на Езерото:
Калта
Калта на Дојранското Езеро е лековита. Таа е особено корисна за лекување на мускулите и коските.
Ова е вообичаена слика на бреговите на Дојранското Езеро. Луѓето се мачкаат со калта и потоа се сончаат на сонцето. Тие веруваат во нејзината лековита моќ.
Алгите
Корисна е за лекување синуси. Алгите кои се ствараат во езерото можат да отстранат секакво воспаление на синусите. Едноставно исплакнете го носот додека пливате и потоа можете да пиете ладно пиво и смрзнат сладолед.
2. Преспанско Езеро
Се наоѓа на крајниот југозападен дел од Република Македонија, на тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Албанија.
Лежи во тектонската котлина помеѓу планините Баба на исток, Галичица и Петринска Планина на запад и северозапад и Сува Гора на југ. Зазема површина од околу 274 км2, од кои на Република Македонија и припаѓаат 176,8 км2. Се наоѓа на надморска височина од 853 м. Преспанското Езеро како и Охридското Езеро настанато е за времето на плиоцен со спуштање по должината на раседи во земјината кора. Најголемата длабочина на Преспанското Езеро изнесува 54 м. Во Преспанското Езеро регистрирани се 24 ендемични таксони. Од животинскиот свет значајна е фауната на рибите којашто се одликува со висок степен на ендемизам. Од вкупно 13 видови риби 6 се ендемични. На подрачјето на Преспанското Езеро се среќаваат многу видови птици од CORINE листата. Преспанското Езеро од 1995 година се наоѓа на Светската рамсарска листа на значајни водни живеалишта.
3. Охридско Езеро
Езерото покрива површина од 358,2 kmІ и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (1945 m), а на запад со Јабланица (2257 m). Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија.
Потеклото на Охридското Езеро, гледано во целост како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на Плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години, поради што се вбројува во групата на стари, долго-постоечки езера заедно со Бајкалското, Тангањика, Ховсгол, Тити Кака. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред се поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.
МОЧУРИШТЕТО – СТУДЕНЧИШКО БЛАТО
Околу Охридското Езеро во минатото имало големи мочуришта, кои со развојот на модерното општество и ширењето на населбите биле исушени. Најреперезентативен остаток од поранешните почуришта денес е Студенчишкото блато кое се смета за составен дел од Охридското Езеро и изобилува со ендемска флора и фауна. Во него живеат најразлични форми на живот, од планктони, ендемски растенија, до видри и разни птици. Денес се најавува ревитализација на ова мочуриште и негова целосна заштита, а истото треба да стане атракција за туристите љубители на природата.
No comments:
Post a Comment