Friday, December 13, 2013


Македонија 



Македонија, или официјално Република Македонија, е држава сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од наследничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија и Косово на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.




Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506,.926 граѓани (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кичево, Кавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.







No comments:

Post a Comment