1. Колешински Водопади –
Струмица
Како неизбежна
туристична атракција во струмичкиот регион се вбројува и еден од највисоките
водопади во Македонија, лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија,
во пазувите на планината Беласица помеѓу јаворова шума и камени гребени на
надморска височина од 610 метри. Со својот максимален пад на водата во висина
од 19 метри досега не оставиле рамнодушен ниту еден од нивните посетители.
Колешинскиот водопад
има просечна височина од 15 м, а широчина на падот околу 6 м. Според постанокот
тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од
Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште
неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои
припаѓаат на неговиот централен слив.
2. Сипковски водопади –
Пехчево
Густата борова и
букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела
седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во источна
Македонија. Само два од овие водопади всушност и припаѓаат на Брегалница, а
преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Жолтачка Река и
Сипковски Андак.
Водопадите се лоцирани
во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел,
и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. Иако долго време не била
пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во
природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги
сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за
посетителите.
Долината на Длабока
Река претставува типичен пример за глацијална ерозија. Кон крајот на последното
ледено време, корапските глечери почнале да се топат. Потоа истекле надолу,
формирајќи ја оваа долина всечена длабоко помеѓу корапските карпи. Оттука
всушност потекнува и името на Длабока Река. Кањонот на оваа река влегува во
составот на Национален парк „Маврово“. Во 1952 година прогласен е за строго
заштитено подрачје.
Изворите на Длабока
Река се наоѓаат на околу 2500 метри надморска висина, веднаш под врвот Мал
Кораб. Она што ја прави посебна и привлечна за љубителите на исконската
природна убавина, секако е водопадот кој се формира во горниот тек на реката.
Овој водопад со висина од околу 130 метри, е највисок во Македонија. Најдобриот
период за посета е во текот на месеците јуни и јули, тогаш снегот не
претставува голема пречка, а поради неговото топење, водопадот има најмногу
вода.
Најблиско населено
место е с. Нистрово, од таму обично се започнува пешачењето кон водопадот. По
околу еден час се стигнува до с. Жужње. Тоа веќе одамна е раселено, а единствен
доказ за тукашниот живот, се црквата и разурнатите куќи. Од тука се бира
патеката по која ќе се оди кон водопадот. Десната патека оди по течението на
реката, претежно низ шумски предел. Тука единствена потешкотија може да
претставува преминувањето на реката (два пати) преку импровизирани премини.
Додека левата патека започнува откако ќе се помине реката преку мовчето кај
црквата. Оваа патека можеби е пократка, меѓутоа е пострмна и помалку
безбедна.Независно од тоа која патека ќе ја изберете за овој подвиг потребни се
малку повеќе храброст и авантуристички дух.
Смоларскиот водопад се
наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска
река, десна притока на реката Струмица, на надморска висина од 600 м во
регионот на селото Смолари.Вкупната височина на вертикалниот отсек на
Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со
раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на
Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина
во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри,
а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.
No comments:
Post a Comment